text size
Иако зборуваме за родов јаз во многу области од социјалното и економско живеење, тоа за жал постои и во финансиите. Трендот е глобален. Во светло на Светскиот ден на жената, а во време кога на национално тло, за жал слушаме за физично насилство, заостанувањето на жените во однос на мажите во финансиите не е новина. Охрабруваат некои позитивни промени, а причините не се толку суштински барем кога управувањето со финансиите е во прашање. За оваа тема на големо почна да се зборува и во Европската унија, а една од најголемите активистки е токму претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард.