text size
Жените трошат двојно повеќе време на неплатена работа дома – или 20 наспроти 11 проценти, колку што посветуваат мажите. Овие податоци на Обединетите нации најверојатно секој од нас ги слушнал некогаш или, ако не, знае дека тоа е така некако. Суровата реалност што ја отсликуваат бројките станува уште посурова кога промените не настануваат брзо. Во пoмалку развиените земји во нашиот регион можеби и воопшто не доаѓа до тоа. Од друга страна, жените често се принудени да изберат помалку напорни работни места или да се повлечат од пазарот на работната сила. Дури и жените без деца се дискриминирани поради претпоставки за породилно отсуство. Родовиот јаз во платите е другата страна на приказната. Во Словенија жените заработуваат 5 отсто помалку на час. Во Хрватска разликата е од 14 до 15 проценти, а најголема е во „најдобрите години“ за кариера (35–44 години). Во БиХ слично, како и во Македонија. Притисокот е емотивен, социјално поразителен. На второ место се загубите за економиите.