На чело на првото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини лани, при изборот на новиот состав на Владата, седна жена. Со тоа Сања Божиновска стана една од вкупно три министерки во 24-члената влада на Христијан Мицкоски.
Освен тоа, Божиновска влезе во целосно машки свет. Според податоците на Државниот завод за статистика за 2023 година, во секторот рударство 91 отсто од вработените биле мажи, а во секторот енергетика над 78 отсто од вработени се припадници на машки пол.
Состојбата со застапеноста на жените во енергетскиот сектор е уште полоша ако се земат предвид податоците за членовите во управувачките одбори на енергетските компании во земјава.
Прочитај повеќе

Третина од милијардерите во Германија се жени
Најчесто до богатството дошле преку наследување
22.03.2025

Жени кои се етаблираа во „машкиот“ свет на инвестиции
Жените се заинтересирани за долгорочни инвестиции, а мажите повеќе за ризик.
08.03.2025

Секоја втора жена во Македонија не работи, а тие што работат се помалку платени
Стапката на неактивност кај жените изнесува 56,5 отсто
08.03.2025

Во светот на претприемачките на мали бизниси: Во секоја од нив има цела фабрика работнички
Микропретприемачките или, како што ги нарекуваме, соло-претприемачки се интересен феномен бидејќи во една жена се наоѓа една цела фабрика.
25.02.2025

Фирмите се подобри кога има повеќе жени во одборите - извештај на „Блумберг“
Женската застапеност во управните одбори е речиси тројно зголемена од 2010 година.
11.12.2024
Имено, во АД ЕСМ во управниот одбор од шест члена нема ниту една жена, а во надзорниот одбор на шест мажи има една жена. Во МЕПСО состојбата е за нијанса подобра. Од седум члена во УО, една е жена, а во надзорниот одбор од шест члена – две се жени.
Зошто енергетиката е машка работа?
Вработени во ЕСМ што се во компанијата повеќе од десетина години велат дека не се случило жена да биде директорка на компанијата. Немало директорки ниту од електроцентралите. Највисоките позиции до кои стигнуваат жените се помошник-директор за финансии или правни прашања.
Разгледувајќи ги податоците на веб-страницата на компанијата, констатиравме дека во дирекцијата во Скопје нема ниту една жена, а во подружниците на електроцентралите од 55 лица во раководствата, само 10 се жени. Од тие десет, само две се на позиции директно поврзани со енергетиката, преостанатите се правнички и економисти.
Каде се жените во овој сектор со оглед на тоа дека податоците за бројот на студенти на факултетите поврзани со енергетиката не покажуваат големи разлики. Да, бројките се во полза на студентите, но во последните години имаа тенденција на раст на бројот на студентки, особено на Факултетот за електротехнички науки.
И раководењето на јавните претпријатија е машка работа
И не само во енергетиката, управувањето во компаниите во сопственост на државата во принцип е машка работа. „Блумберг Адрија“ ги анализираше менаџерските тимови во најголемите јавни претпријатија. Во ниту едно од нив нема директорка, а жените во управните и надзорните одбори се реткост.
Од Владата за „Блумберг Адрија“ велат дека при назначувањето на членовите во УО и НО се водат од „принципот на образовни и професионални квалификации на именуваните лица, а наедно во јавните претпријатија изборот на членови беше базиран на претходно објавен јавен оглас со точно утврдени услови и критериуми за избор“.
Значителен напредок во некои области и многу идни предизвици
Во годишниот извештај за преземените активности и постигнатиот напредок во воспоставувањето еднакви можности на жените и мажите во 2023 година се наведува дека застапеноста на мажите во јавните претпријатија изнесува 81,94 отсто, а тие процентуално учествуваат со над половина и во општините, органите во состав на министерствата, во министерствата, како и во самостојни органи на државна управа.
Жените пак се најзастапени во областа труд и социјала (83,46 отсто), особено јавните установи за социјална и детска заштита. Исто така значително е процентуалното учество на жените и во уште два крупни сектори – здравство и образование.
Во однос на политиките што ги презема државата за родовата еднаквост, од Владата велат дека генералниот заклучок е дека „во некои области е забележан значителен напредок, но во континуираното собирање податоци и комплетното спроведување на планираните активности се очигледни сериозни предизвици“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...