text size
Петок навечер во мал американски град не изгледа како вовед во часови по математика. Изгледа како вовед во индустрија. Рефлекторите се вклучени, трибините се полни, дувачкиот оркестар го сече воздухот, родителите седат како да гледаат локален Супербоул, а децата со кациги не играат само за победа туку и за место во многу поголем систем. „Friday Night Lights“ стана метафора на поп-културата токму затоа што не беше само приказна за фудбал. Тоа беше серија за Америка што го претвори училиштето во сцена на амбиција, идентитет и општествена селекција. Зад таа сцена не стои само романтиката на малиот град. Стои архитектурата на држава што го вклучила спортот во образованието. Истото чувство го добивате и кога ќе го гледате кошаркарското лудило наречено „March Madness“.