text size
Македонските граѓани во банките чуваат милијарди евра, но приносот што го добиваат од своите депозити останува значително понизок од инфлацијата и од долгорочниот принос на европскиот пазар на акции. Податоците за просечните каматни стапки на едногодишните депозити покажуваат дека штедењето во изминатата деценија, особено во периодот на високата инфлација, не успевало да ја зачува куповната моќ на вложените средства.