text size
Во поголемиот дел од историјата на еврото, инвеститорите сметаа дека Франција некако ќе се справи со своите политички и економски предизвици и ќе остане релативно сигурна инвестициска опција. Тоа уверување повеќе не опстојува.
Распродажбата на глобалниот пазар на должнички хартии од вредност поттикна пад што ја погодува Франција посилно и побрзо отколку што кој било очекуваше. Расте нервозата поради неисполнетите цели за дефицитот, блокадата во носењето политики и претседателските избори следната година, кои би можеле радикално да ја променат насоката на земјата. Буџетскиот дефицит требаше да се намали на пет отсто годинава. Наместо тоа, се движи во спротивна насока.
Инфлацијата во втората по големина економија во еврозоната изнесуваше 3,4 проценти во септември.
30.09.2026
Производителот на автомобили „Пежо“ и „Фиат“ ќе го надгради постоечкиот погон во Орден, северна Франција, и ќе инвестира во истражување и развој на други места во земјата за да го поддржи производството на новото возило.
11.09.2026
„Тонеме во долгови. Тонеме во дефицити. Неодговорно е да се преземаат трошоци и да се даваат ветувања за финансиска поддршка на една земја без никакви гаранции“, изјави Бардела за „Блумберг ТВ“.
06.09.2026
Политичката неизвесност расте, инвеститорите стравуваат, а банкарските акции паѓаат до 4,4 отсто...
27.08.2026
Вишокот производство од нуклеарни централи и обновливи извори ѝ донесе на Франција рекорден извоз на струја, но и рекордно ниски негативни цени на пазарот.
16.07.2026
Марин Ле Пен најави четврта кандидатура за претседател на Франција, а жалбата до највисокиот суд треба да ѝ овозможи да води кампања без електронската алка.
07.07.2026
Коктелот од политички и фискални ризици е особено моќен овој пат.
04.07.2026
Знаците на криза се засилуваат додека владата почнува преговори за фискалните планови што би можеле да предизвикаат нејзин пад. Приносот на десетгодишните државни обврзници на земјата скокна за повеќе од еден процентен поен од јуни, што е нивен најлош квартален резултат од воведувањето на единствената валута. Акциите бележат послаби резултати, а анкетата на „Банката на Америка“ (Bank of America Corp.) меѓу европските менаџери на фондови покажа дека Франција е најмалку посакуваниот пазар за следните 12 месеци.
Bloomberg
Прочитај повеќе
Инфлацијата во Франција забрза до највисокото ниво во повеќе од две години
„Стелантис“ ќе инвестира над една милијарда евра во Франција за производство на комби
Шефот на француската крајна десница сака Украина да плати за европската помош
Франција пред нова политичка бура, банките први на удар
Франција со рекорден извоз на електрична енергија
Марин Ле Пен потврди: Ќе се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година
Финалето за буџетот на Макрон може да предизвика политички хаос во Франција
Bloomberg
Во буџетот претставен во четвртокот, владата објави невообичаено амбициозни кратења за да го намали дефицитот на целното ниво што не го постигна годинава. Планот тешко ќе добие поддршка во поделениот парламент, кој постојано ги вознемируваше инвеститорите со соборување премиери.
Нејасна е и долгорочната политичка насока. Во мај, гласачите разочарани од една деценија центристичко владеење под Емануел Макрон ќе изберат нов претседател. Неодамнешните анкети покажаа дека изборите би можеле да се решат во втор круг меѓу фаворитката од крајната десница Марин Ле Пен и кандидатот од крајната левица Жан-Лик Меланшон.
Ако Париз не успее да се справи со буџетската состојба, опасноста нема да остане во француските граници. Други земји би можеле да трпат последици преку прелевање на кризата на пазарот на обврзници, поткопување на фискалните правила и ослабено институционално лидерство во регион што веќе се справува со повеќе предизвици. Еврото е на најниско ниво во последните 16 месеци во однос на доларот, а хеџ-фондовите ги зголемуваат облозите против валутата.
„Перцепцијата за ризикот од францускиот долг се влошува“, изјави Мари Жако, главна извршна директорка на „ЕРАМФ“ (Edmond de Rothschild Asset Management France), за „Блумберг ТВ“ неделава. „Пазарот почнува да ја казнува Франција и нејзиното ниво на задолженост, што не е нешто што нужно го правел во минатото.“
Домашните проблеми ги засилуваат надворешните притисоци од растот на цените на енергијата и очекувањата за дополнителни зголемувања на каматните стапки од централните банки, поттикнувајќи сè поголема вознемиреност кај француската јавност.
Долгот нагло се искачи на листата на грижи во анкетите, пазарите на обврзници станаа тема на насловните страници, а владините претставници предупредуваат дека трошоците на земјата за камати сега ги надминуваат расходите за одбрана или образование.
Во последните денови, протестите на учениците поради училишните згради што се распаѓаат и пренатрупаноста доведоа до судири со полицијата.
Нема сомнеж дека Франција е во тешка состојба. Соодносот на долгот и БДП е близу 120 отсто, речиси двојно поголем од германскиот, а некои инвеститори одат дотаму што повлекуваат паралели со Грција, која беше во епицентарот на кризата што речиси ја распарчи еврозоната во почетокот на минатата деценија.
Десетици инвеститори и пазарни стратези со кои разговараше „Блумберг“ се сè поуверени дека нема лесно решение. Иако се очекуваше годишната битка околу буџетот да ги стави пазарите под притисок оваа есен, влошувањето на фискалните изгледи го подигна предизвикот на уште повисоко ниво.
Приносот на француските десетгодишни обврзници, кој изнесува 4,9 отсто, е близу највисокото ниво од 2002 година. Премијата што инвеститорите ја бараат за да го држат тој долг во однос на соодветните германски државни обврзници се зголеми повеќе од двојно од мај, на 141 базичен поен.
„Намалувањето на разликата во приносите меѓу Франција и нејзините главни европски партнери зависи од кредибилитетот и довербата“, изјави министерот за финансии Ролан Лескир во четвртокот. „Способни сме да го направиме тоа, можно е.“
Bloomberg
Без излез
Дури и ако кандидат од центарот успее тесно да победи на претседателските избори во 2027 година, веројатно ќе се соочи со исто толку тешкотии како и претставниците на политичките крајности во обезбедувањето на парламентарното мнозинство потребно за суштински да се справи со проблемот со долгот.
Анджеј Шчепањак, виш економист за Европа во „Номура интернешнл“ (Nomura International Plc), очекува дополнителни потреси кога тоа сознание ќе се вкорени, зголемувајќи ја премијата на приносите на француските обврзници на дури 200 базични поени до крајот на 2027 година.
„Во Франција, политичкиот ризик е фискален ризик“, рече Шчепањак. „Вистинскиот проблем за кој сметам дека инвеститорите не го одразуваат доволно во цените е веројатноста за натамошна фрагментација.“
Според Флоранс Баржу, главна директорка за инвестиции во „Креди агрикол“ (Credit Agricole Assurances) во Париз, слабиот раст и политичката нестабилност не се нови појави, но сега достигнале ниво на кое Франција се смета за „најлошата земја во еврозоната“ на пазарот на обврзници.
Баржу рече дека земјата останува клучна инвестициска дестинација, но осигурителната компанија ги диверзифицира вложувањата за да управува со неизвесноста. Во првата половина од годинава таа поседувала француски државни обврзници во вредност од околу 61 милијарда евра (69 милијарди долари).
Bloomberg
Сето тоа изгледа како неславен крај за Макрон и неговата програма за поддршка на бизнисот, насочена кон заживување на економијата и привлекување странски инвестиции.
Последиците се и пошироки, бидејќи тежината на Франција значи дека нејзините проблеми се и европски проблеми. И тоа во време кога Германија има сопствени политички притисоци, а блокот во целина се справува со енергетска ранливост и војна на својот праг.
„Тоа не е добро за Европа“, рече главната економистка на „Сосиете женерал“ (Societe Generale SA), Микала Маркусен. „Ризикот е дека политичкиот простор за унапредување на европската агенда ќе се стесни - а Франција тука е апсолутно клучна.“
Сепак, можеби ќе се избегнат најжестоките буџетски судири какви што имаше во изминатите две години. Признавајќи ги размерите на кризата, Ле Пен навести дека можеби ќе се воздржи од обиди да ја собори владата, што е отстапување од вообичаениот опструктивен став на нејзината партија.
Усвоен буџет е во интерес на Ле Пен. Тоа би ѝ овозможило полесно да направи брзи законски измени ако победи на изборите, наместо да мора да се справува со вонредна ситуација.
Лидерката на Националниот собир изјави дека, ако биде избрана, ќе предложи референдум за воведување златно правило за дефицитите. Таа планира подоцна месецов да претстави алтернативни фискални предлози, заедно со план за намалување на дефицитот. Досега даде малку детали за својата цел за кратења од 125 милијарди евра, истовремено останувајќи на скапите ветувања, меѓу кои и драстично намалување на данокот на горивата.
„Ова тлее долго време и не престана да тлее ни во последно време“, рече Питер Гоувс, раководител на истражувањето на државниот долг на развиените пазари во „МФС“ (MFS Investment Management). „Не знам која е пресвртната точка, но претпоставувам дека следниот претседател ќе мора да се справи со тоа.“
-Со помош на Џорџија Хол и Фара Елбахрави.