text size
Пазарот на обврзници вчера беше во фокусот на инвеститорите поради рекордните зголемувања на трошоците за задолжување на економските велесили. Трошоците за долгорочно задолжување на Обединетото Кралство достигнаа 6,02 проценти за првпат по речиси три децении, со што земјата стана првата економија од групата Г7 што плаќа толку висока стапка уште од времето кога беснееше кризата со еврото во 2012 година. Истовремено приносот на 10-годишните американски државни обврзници порасна за четири базични поени, на 5,33 отсто, надминувајќи го врвот од 2007 година. Приносот на 30-годишните американски обврзници исто така е на највисокото ниво од 2002 година.