За да се намалат каматите, треба да забави инфлацијата, а тоа ќе се случи ако платите се зголемуваат законски, а не административно. Вака накратко гувернерот Славески објасни од што ќе зависи монетарната политика следната година.
И на последната седница на Извршниот одбор за монетарна политика беше одлучено основната каматна стапка да остане на исто ниво или 5,35 отсто. Стапката не е променета од февруари годинава.
Оваа година ќе заврши со стапка на инфлација од 3,9 отсто, што е над првичните проекции. Има тренд на забавување во ноември во однос на октомври, но и натаму има ризици, констатира НБРМ.
Прочитај повеќе
Продолжува шринкфлацијата – и скриените поскапувања ги нервираат Македонците
Анализираме како поскапуваат производите без официјално да им се покачи цената.
12.12.2025
Само 19 отсто од вработените добиле покачување на платата годинава
Инфлацијата и благото обезвреднување на парите се тоа што ја врати платата на тронот кога станува збор за критериумите при изборот на работодавец.
04.12.2025
Време ли е за рефинансирање на станбените кредити: Македонската инфлација го има зборот
Инвеститорите сè повеќе очекуваат дека каматните стапки во еврозоната следната година би можеле да растат, а пазарното вреднување сега имплицира дека во 2026 година е поверојатно зголемување отколку намалување на каматните стапки на Европската централна банка.
22.12.2025
Раст во втора: Лизинг-индустрија во Македонија
Годинава лизинг-секторот ќе забележи стапка на раст од 15 отсто во однос на лани.
25.11.2025
„Годишната стапка на инфлација во ноември забави и се сведе на 4 отсто, наспроти 4,5 отсто во октомври. Годишната стапка на инфлација остварена во ноември и понатаму е над историскиот просек, поради што инфлацијата и нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму се во фокусот на монетарната политика. Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во надолна насока, што упатува на помали увозни ценовни притисоци во однос на претходните очекувања. Оттука, ризиците за идната динамика на инфлацијата и понатаму постојат, а се поврзани и со натамошната неизвесност од променливото надворешно опкружување, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка“, соопшти централната банка.
Прво забавување на инфлацијата, а потоа олеснување на каматите
Внимателноста на монетарната политика е одраз на потребата за натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата, динамичната кредитна активност и на ризиците од надворешното опкружување, наведуваат од НБРМ.
„Доколку се задржат позитивните трендови на забавување и одржливо стабилизирање на инфлацијата во наредниот период, како и во отсуство на административни интервенции во утврдувањето на платите, Народната банка ќе реагира соодветно, во насока на натамошно нормализирање на монетарната политика“, се наведува во соопштението.
И аналитичарите се претпазливи кога прогнозираат како ќе се движат каматите следната година. Проекциите за инфлацијата се дека на годишно ниво ќе забави до 2,5 отсто, а целната стапка од два отсто ќе биде постигната во 2027 година.
Според аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“, НБРМ ја задржа основната стапка на 5,35 отсто во текот на оваа година, а за следната, во зависност од движењето на инфлацијата, можно е намалување.
„Инфлацијата забави на 4 отсто во ноември од јулските 4,8 отсто, но останува висока, при што храната и услугите сè уште покажуваат упорен ценовен притисок. Очекуваме намалувањето на каматните стапки да продолжи во првата половина од следната година, бидејќи инфлацијата постепено се ублажува“, велат нашите аналитичари.
Олеснување, но малку подоцна, очекува и Бојан Цветановски, член на Извршниот одбор на АЦИ-Здружение на финансиски пазари. Тоа може да биде сигнал за корекција на основната камата во 2026 година.
„НБРМ објави нова монетарна рамка со одредени измени кај инструментите во насока на подобрување на нивната ефикасност и пазарно дејство, вклучувајќи ги и каматните параметри. Во следниот период се очекуваат стабилни каматни стапки, со евентуална можност за нивна блага корекција во втората половина од 2026 година“, вели тој за „Блумберг Адрија“.
Нова оперативна монетарна рамка
Олабавување на основната камата засега нема, но почна примената на новата оперативна монетарна рамка, со која се обезбедуваат висока усогласеност со практиките на развиените централни банки и зајакнување на сигналниот ефект на монетарната политика.
Новата оперативна поставеност предвидува еден основен инструмент, благајнички записи со рочност од седум дена, со каматна стапка околу која е поставен симетричен коридор на каматните стапки, за разлика од претходната поставеност, кога како основен инструмент се користеа благајнички записи со рочност од 42/49 дена и беше применуван асиметричен коридор на каматните стапки.
„Скусувањето на рочноста на основниот инструмент на седум дена овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари врз кои централната банка има подиректно влијание“, соопшти НБРМ.
Се очекува дека неодамнешните измени кај задолжителната резерва, затегнувањето на макропрудентните мерки во делот на критериумите за квалитетот на кредитната побарувачка и одлуките поврзани со управувањето со системските ризици ќе обезбедат дополнителна поддршка за монетарната политика, а комбинираното дејство на овие мерки ќе придонесе за одржување на стабилноста на девизниот курс и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок, како и за ограничување на потенцијалните системски ризици, наведува банката.
Движење на каматите годинава
Податоците на НБРМ покажуваат дека просечната каматна стапка на кредитите годинава, заклучно со октомври, се намалува, но на новоодобрените кредити од летоска благо расте.
Во октомври 2025 година просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,82 отсто и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,03 п.п. и 0,56 п.п., соодветно.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во октомври забележа месечен раст од 0,02 п.п. и изнесува 4,49 отсто, додека на годишна основа е намалена за 0,32 п.п.