Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на седницата на Извршниот одбор денеска. Ова е прво зголемување на стапката на благајничките записи од декември минатата година. По зголемувањето, каматната стапка ќе биде 4,25 процентни поени. Според образложението, овој потег следува по согледувањата за ефектите врз домашната економија од светските случувања.
„Во однос на сегментите коишто се клучни за монетарната политика, од почетокот на годината беше забележана поголема побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, што услови поголемо присуство на Народната банка на девизниот пазар. Од почетокот на мај се бележи стабилизација на побарувачката на девизи, а најновите информации носат поголема извесност за скоро смирување на конфликтот на Блискиот Исток. Сепак, економските последици од геополитичките случувања се присутни, а неизвесноста околу темпото на целосната стабилизација на тековите и понатаму создава ризици, стои во образложението.
Од Народната банка велат и дека има притисоци врз инфлацијата. Во мај годишната стапка на инфлација забави во согласност со очекувањата, но таа и натаму е на повисоко ниво и укажува на продолжена инфлација и побавно враќање кон историскиот просек. Истовремено, и дел од домашните фактори коишто влијаат врз побарувачката и инфлацијата уште повеќе ја нагласуваат потребата од претпазливост при водењето на монетарната политика.
Прочитај повеќе
Од инфлацијата ќе зависи дали ќе паднат каматите во 2026 година
За да се намалат каматите, треба да забави инфлацијата, а тоа ќе се случи ако платите се зголемуваат законски, а не административно. Вака накратко гувернерот Славески објасни од што ќе зависи монетарната политика следната година.
29.12.2025
Странските инвестиции во Македонија достигнаа 218 милиони евра во првиот квартал од 2026.
Зголемување од 46,7 проценти во однос на 148,9 милиони евра регистрирани во истиот период претходната година.
02.06.2026
Неделен преглед: Инфлацијата се враќа на голема врата
Тензиите на Блискиот Исток имаат големо влијание и врз македонската економија главно преку подгревање на инфлацијата.
09.05.2026
Народна банка: Инфлација од 4 проценти и раст на БДП од 3,5 проценти во 2026.
Во наредниот период се очекува постепено намалување на инфлацијата на речиси 3 проценти во 2027 година.
07.05.2026
НБРМ ја задржа основната камата на четири проценти, но предупредува на можно зголемување
Остварувањата кај инфлацијата се малку повисоки од проекцијата, што заедно со повисоките увозни цени споредено со досегашните оцени, создаваат изразени нагорни ризици.
05.05.2026
„Во такви услови, беше оценето дека умереното затегнување на монетарната политика, заедно со досегашните измени кај останатите инструменти - задолжителната резерва и макропрудентните мерки, ќе придонесат за одржување на стабилноста на девизниот курс, за стабилизирање на инфлацијата и за зацврстување на инфлациските очекувања, а соодветно ќе влијаат и врз кредитните услови во економијата, велат од Народната банка.
Во однос на најновите податоци за главните макроекономски показатели, на крајот на мај, девизните резерви изнесуваат 5.209,7 милиони евра и се во сигурната зона, а нивната промена засега е во согласност со проекциите за вториот квартал. Во текот на мај девизниот пазар беше стабилен, без интервенции од страна на Народната банка за надоместување на потребите за девизна ликвидност на економските субјекти. Во мај 2026 година, годишната стапка на инфлација забави сведувајќи се на 4,8 отсто, од 5,7 отсто во април, главно под влијание на поумерениот раст на цените на храната, што се должи на повисоката споредбена основа од истиот период минатата година. „Сепак, тековните показатели упатуваат на засилени инфлациски притисоци кај енергетската компонента, што создава ризици за пренесување на ефектите и врз останатите цени во економијата. Ова делумно е видливо преку засилениот раст на базичната компонента на инфлацијата“, велат од Народната банка.
Најновите проекции за увозните цени упатуваат на повисока странска инфлација и умерено нагорно ревидирани цени на енергентите и на дел од прехранбените производи, во услови на одолжена неизвесност. Иако очекувањата на потрошувачите за растот на цените во следниот период се малку поумерени во споредба со претходниот месец, ризиците за инфлацијата претежно се во нагорна насока.