text size
Изминатата недела почна со пресврт на Блискиот Исток. По период на ескалација, САД и Иран постигнаа договор за прекин на конфликтот и повторно отворање на Ормускиот Теснец, којшто е клучна артерија за светската трговија со нафта. Следуваа силни реакции на пазарите. Цените на нафтата нагло паднаа поради очекувањата за нормализирање на испораките од Блискиот Исток. Истовремено, златото и бакарот забележаа раст, а биткоинот достигна двонеделен максимум, поттикнат од подобреното расположение на инвеститорите. Договорот беше во фокусот на самитот на Г-7 во Франција, додека Вашингтон најави финансиски стимулации за Иран како дел од мировниот пакет.