Покачувањето на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени од страна на Народната банка на 16 јуни годинава, прво во 2026, предизвика и зголемување на казнените (затезните) камати во земјава. Од денеска, први јули, па до крајот на годинава, референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата изнесува 4,25 отсто, колку што е и основната, односно каматната стапка на благајничките записи. Референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, за периодот од 1 јануари 2026 година до 30 јуни 2026 година, изнесува 4,00 отсто.
Казнената камата се менува два пати годишно, еднаш на 1 јануари и втор пат на 1 јули, и висината е регулирана со законот за облигациски односи. Во меѓувреме, и да се случи промена на основната камата, референтната камата за пресметување на казнена камата останува иста се дури не дојде периодот за следната корекција (или јануари или јули).
За обврски во домашна валута сега казнената камата ќе биде 12,25 отсто за физички и 14,25 отсто за правни лица.
Прочитај повеќе
Народната банка ја зголеми основната камата: Инфлацијата клучна причина
Ова е прво зголемување на стапката на благајничките записи од декември минатата година.
16.06.2026
Македонија: Сѐ почесто се користат картички и електронско плаќање
На крајот на 2025 година, во земјата имало околу 2 милиона платежни картички.
28.05.2026
Народна банка: Инфлација од 4 проценти и раст на БДП од 3,5 проценти во 2026.
Во наредниот период се очекува постепено намалување на инфлацијата на речиси 3 проценти во 2027 година.
07.05.2026
Доленц, ЕЦБ: Нема да ја покачиме каматната стапка ако Блискиот Исток остане мирен
На следниот состанок во јули нема да има промени доколку енергенсите останат на овие ценовни нивоа
пред 8 часа
Лагард предупреди дека инфлацискиот ризик се шири, ЕЦБ ги зголеми каматните стапки
Европската централна банка ги зголеми каматните стапки првпат по речиси три години.
11.06.2026
Како се пресметува казнената камата?
Како основа за пресметка на казнената камата се зема референтната камата на НБРМ (4,25 отсто) и на неа се додадат осум процентни поени за казнената камата за физички лица, и 10 п.п за каматата за правните лица. Оваа формула се употребува за пресметка на казнена камата за обврски во домашна валута.
За обврските во странска валута како основа за пресметка се зема едномесечниот Еурибор, зголемен за десет процентни поени за правни и осум п.п за физички лица. На крајот на јуни едномесечниот Еурибор изнесуваше 2,179 отсто.
Кога се наплатува?
Казнени камати наплатуваат банките за доцнењето во наплатата на кредитите на денарските кредити или кредитните картички, ако ратата не се плати по истекот на 30 дена од кога достасала за плаќање.
По таа основа се пресметува камата и на искористениот дел од дозволеното пречекорување, но и недозволеното пречекорување. Затезни камати се пресметуваат и на сметките за телефон, за струја, парно.
Во известувањето што го праќаат банките до своите клиенти деновиве стои дека при „пресметување на камата на искористениот дел од дозволеното пречекорување изнесува 12,20 отсто, а се добива така што на референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, која во моментот е 4,25 отсто, се додаваат 7,95 процентни поени. Каматната стапка што се применува при пресметка на камата за недозволено пречекорување изнесува 12,25 отсто на годишно ниво‘.
Инаку, Народната банка најновото зголемување на основната каматна стапка го објасни со неизвесноста околу сѐ уште присутната неизвесност околу целосната стабилизација на геополитичките текови и ризиците што произлегуваат од тоа.
„Сѐ уште има притисоци и врз инфлацијата. Во мај годишната стапка на инфлација забави во согласност со очекувањата, но таа и натаму е на повисоко ниво и укажува на продолжена инфлација и побавно враќање кон историскиот просек. Истовремено, и дел од домашните фактори коишто влијаат врз побарувачката и инфлацијата уште повеќе ја нагласуваат потребата од претпазливост при водењето на монетарната политика.“, рекоа од Народната банка.