Индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи зголемување од четири проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од три проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, изнесува 0,5 проценти.
Од ДЗС информираа дека зголемувањето на инфлацијата во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 1,7 проценти, рекреација и култура за 0,9 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти, ресторани и хотели, здравје за 0,3 процентги, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,2 проценти, комуникации, облека и обувки и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 процент.
Трошоците на животот во групите разновидни стоки и услуги и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година изнесува 100.6.
Прочитај повеќе
Само 19 отсто од вработените добиле покачување на платата годинава
Инфлацијата и благото обезвреднување на парите се тоа што ја врати платата на тронот кога станува збор за критериумите при изборот на работодавец.
04.12.2025
Неочекуван скок на инфлацијата во Германија на деветмесечен максимум
Инфлацијата изнесуваше 2,6 проценти во ноември, во споредба со 2,3 проценти минатиот месец, според податоците објавени од Заводот за статистика.
28.11.2025
Седум предизвици што ќе ја обликуваат македонската економија и во 2026 година
Меѓу клучните предизвици со кои се соочува економијата се инфлацијата, индустријата, која покажува особена нестабилност, реформите за кои се зборува со години, недостигот од работа сила, дигитализацијата, која останува на хартија.
18.11.2025
НБРМ ги ревидираше проекциите: Инфлација од 3,9 отсто, БДП од 3,5 отсто
Народна банка ја ревидираше проекцијата за инфлацијата нагоре. До крајот на годината таа ќе изнесува 3,9 отсто, наместо 3 отсто како што беше предвидено во април. На среден рок ќе се врати на историскиот просек од два отсто, рече денеска гувернерот на НБРМ Трајко Славески.
05.11.2025