text size
Индексот на трошоците на животот во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи зголемување од 2,7 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Прочитај повеќе
Раст на цената на пченицата поради заканите на Русија за ескалација на војната во Украина
Житото моментално бележи најдолга серија на раст во последниот месец.
05.10.2026
Инфлацијата во еврозоната на највисоко ниво во последните три години
Инфлацијата во еврозоната е највисока од септември 2023 година. Базичната стапка се зголеми на 2,5 отсто, а растот на цените кај услугите достигна 3,2 отсто.
02.10.2026
Инфлацијата ги зафати најголемите економии на ЕУ, цените на нафтата го погодуваат регионот
Поскапите горива може да ја приближат инфлацијата во еврозоната до четири отсто годинава. ЕЦБ следи дали енергетскиот шок ќе се прелее врз базичната инфлација.
30.09.2026
Германската инфлација скокна на највисоко ниво во речиси три години
Поскапувањето на енергијата ја забрза германската инфлација над очекувањата, заради што ЕЦБ разгледува ново зголемување на каматите во октомври или во декември.
30.09.2026
Во септември 2026 година во однос на претходниот месец намалување на трошоците на животот е забележано во групите: рекреација, спорт и култура за 3,7 проценти, транспорт за 3,4 проценти, ресторани и услуги за сместување за 0,3 проценти и информации и комуникации за 0,1 процент.
Во септември 2026 година, во однос на август 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 1,3 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,5 проценти, услуги за образование за 0,4 проценти, облека и обувки за 0,3 проценти, здравствена заштита, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,2 проценти, слкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 процент.