text size
Ви се чини дека ѓевречето што го купувате секојдневно во локалната пекарница некако станува сѐ помало? Исто така и парчето од омилената торта што редовно ја нарачувате за десерт. Не грижете се, не ве лажат сетилата, туку ве погодила шринкфлацијата – добивате помалку за истите пари, а неретко и за повисока цена. Оваа „скриена“ инфлација, покрај таа „очигледната“ што си ја имаме, ја практикуваат сите бизниси, и големи и мали, од светски корпорации до локални занаетчии. Мој близок пријател се колне дека дури и фармерките од кои постојано купува ист број во еден скопски бутик во последно време му се потесни во нозете. „Штедат на материјал, а не дека јас сум се здебелил“, вели тој.