Домашната компанија „Гранит“ ќе го предводи конзорциумот што ќе го гради автопатот Скопје-Блаце. Проектот ќе содржи пет тунели, две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40-тина објекти. Работите ќе почнат летово, а се очекува да завршат за три и пол години.
„После подолг временски период една домашна, македонска, компанија ќе гради голем инфраструктурен проект. Сметам дека е голем сигнал за целиот градежен сектор во Македонија и е голем сигнал за целата држава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти. Проектот Скопје-Блаце е исклучително комплексен проект“, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Овој Коридор е исклучително значен затоа што Македонија ја поврзува со Црна Гора преку Косово со што се добива уште едно пристаниште за македонскиот бизнис, тоа е пристаништето во Бар, додаде Николоски.
Прочитај повеќе
Што покажува споредбата на „Гранит“ со европските конкуренти?
Низ децениите „Гранит“ прерасна од локален градежен субјект во регионална компанија која сега работи на неколку пазари во Југоисточна Европа.
01.06.2026
Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри.