text size
Градежната компанија „Гранит“ и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) го потпишаа договорот за изградба на автопатот Скопје - Блаце (Косово).
Договорот се состои од два дела. Првиот дел се однесува на изградбата, а вториот на одржување на автопатот во рок од 5 години.
„Вкупна вредност на договорот изнесува 13.622.686.664 денари со рок на изведба 1460 дена од датум на воведување во работа“, соопшти компанијата.
Прочитај повеќе
Колку чини автопатска сага во Македонија: Милијарди евра и многу време
Според податоците на државната статистика, пред 30 години во земјава имало 138 километри автопатишта, на крајот на минатата година бројката стигнала до 347 километри.
14.08.2026
Каков ќе биде ефектот од „Бехтел и Енка“ – развој или крах?
Ќе се случи крах ако на проектите не бидат ангажирани домашните компании.
26.11.2024
Овој договор е единствен по две нешто, прво затоа што се работи за најскапиот патен правец изграден во земјава и второ затоа што за прв пат по многу долго време домашна градежна компанија ќе гради голем инфраструктурен проект.
Конзорциумот што го предводи „Гранит“ во следните четири години треба да изгради автопат кој ќе содржи пет тунели, две галерии, 12 моста или вкупно околу 40 објекти.
Проектот е со должина од 10,5 километри, а со оглед на тоа дека вкупната вредност надминува 221, 5 милиони евра, еден километар ќе чини 21 милион евра, или најмногу досега.
Најголем дел од парите за проектот се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а 31 милион евра се грант од Европската унија.
„По подолг временски период една домашна, македонска, компанија ќе гради голем инфраструктурен проект. Сметам дека тоа е голем сигнал за целиот градежен сектор во Македонија и е голем сигнал за целата држава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти“, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при објавувањето на одлуката „Гранит“ да го гради автопатското поврзување со Косово.