„Стандард и Пурс Глобал Рејтингс“ (S&P Global Ratings) соопшти дека ги суспендира долгорочните кредитни рејтинзи „Б+“ на Град Скопјe поради недостиг на доволно и навремени информации за одржување на рејтинзите.
„Перспективата беше стабилна во времето на суспензијата. Во моментов немаме пристап до информации за најновата ликвидносна позиција на градот, како и за среднорочното финансиско планирање и стратегија“, наведуваат од рејтинг агенцијата во соопштението објавено на терминалот на „Блумберг“.
Прочитај повеќе
„Стандард и Пурс“ повторно го намали кредитниот рејтинг на Град Скопје
Намалувањето на рејтингот првенствено ги одразува ризиците од континуираната акумулација на заостанатите обврски.
18.09.2024
„Стандард и Пурс“ даде прецизна дијагноза за проблемите во Град Скопје
Негативниот изглед ги одразува ризиците за намалување на оперативните приходи.
19.03.2024
„Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Град Скопје, ББ- со негативен изглед
Високите каматни стапки ја намалиле донекаде побарувачката на недвижен имот изминатата година
16.09.2023
Оттаму додаваат дека ќе го продолжат со надзорот и ќе ги вратат рејтинзите доколку информациите што недостасуваат станат достапни и доколку заклучат дека ги исполнуваат нивните стандарди за квантитет, навременост и сигурност.
„Доколку, по разумен временски период, нашите барања за информации за надзор не се исполнети, ќе ги повлечеме рејтинзите“, соопштија од „Стандард и Пурс“.