Кошаркарот што соборува рекорди во НБА-лигата.
Дваесет и тригодишното словенечко кошаркарско чудо Лука Дончиќ постави нови стандарди за извонредни достигнувања во северноамериканската кошаркарска НБА-лига. Речиси на секој натпревар тој соборува нови рекорди. На пример, на натпреварот против Њујорк никс на крајот на минатиот декември, тој забележа 60 поени, 21 скок и 10 асистенции, со што стана првиот играч во историјата на лигата што покрај 60 коша забележа најмалку 20 скока и собра и двоцифрен број асистенции.
Два метра високиот Дончиќ, кој со Далас маверикс ја завршува првата од петте сезони од договорот вреден 207 милиони долари, оваа сезона може да се пофали и со сопствен модел на кошаркарски патики „ер џордан лука 1“. Петгодишниот договор со брендот „Џордан“ ќе му донесе околу 75 милиони долари. Патиките се продаваат и во Словенија, а за нив треба да издвоите 110 евра. Дончиќ е еден од најмладите играчи со договор вреден повеќе од 200 милиони долари, а минатата година со мајка си Мирјам Потербин водеше спор околу употребата на заштитниот знак „Лука Дончиќ 7“.
Дончиќ минатата година ја претставуваше Словенија на Европското првенство во кошарка, каде што словенечката репрезентација го зазеде шестото место по елиминацијата во четврт-финалето.