text size
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава во Македонија изнесувала 31.525 денари (511 евра), што е всушност повисока плата за 10,9 проценти во однос на април минатата година. И додека растечката инфлација го изеде комплетно ова зголемување, висината на платата во земјава е засегната и од тоа што до просекот не успеваат да стасаат ни половина од работниците во земјава. А ако анализираме регионално, од пет земји во Адрија, Македонија има најниска исплатена просечна плата. Во Босна и Херцеговина просечната плата во април е нешто над 553 евра, додека во Србија е 620 евра. Далеку пред нас се Хрватите кои земале во април просечна плата од 999 евра, додека просечната нето плата во Словенија за четвртиот месец од годината изнесува 1.304 евра.