text size
Замислете свет во кој луѓето не се разболуваат, не стареат и не умираат. Тешко е да се поверува, но запомнете дека само пред еден век немавме ниту антибиотици. Еден од научниците во документарецот на Брајан Џонсон, „Човекот што сака да живее засекогаш“ на „Нетфликс“ (Netflix), вели: „Можеби многу наскоро ќе дојде време кога двајца тинејџери ќе зборуваат за тоа колку е чудно што луѓето се разболуваат и умираат“.