


Back to Business е годишна конференција на Блумберг Адрија (Bloomberg Adria), која има цел да ги ангажира клучните актери во македонскиот бизнис-сектор и високите владини претставници на платформа што ќе навлезе во анализа на економските потенцијали и можности за развој на Македонија.
Годинава подетално ќе разгледаме како земјата треба да ги редефинира своите позиции за да го забрза економскиот раст на одржливо ниво, бидејќи досегашните искуства не дадоа импресивни макроекономски резултати. Во ерата на забрзана дигитализација, нашата трансформација треба да резултира со стратегија заснована на јасно поставување приоритети, зголемување на инвестициите и унапредување на конкурентноста на македонската економија. Клучните теми ги вклучуваат влијанието на глобалните економски трендови, улогата на технологијата во растот на бизнисот и стратегиите за одржлив развој.
Говорници:

Ана Митреска, вицегувернерка на Народната банка на Северна Македонија

Мирослав Марчев, управувачки партнер во PriceWaterhouseCoopers Северна Македонија

Катерина Бошевска, генерална директорка на EOS Matrix

Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија

Зоран Малиновиќ, управител на Wolt Drive

Никица Мојсоска – Блажевски, главна извршна директорка на „Македонија2025“

Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје

Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на НЛБ банка
Блумберг Адрија учесници:

Александра Томиќ, главна уредничка на Блумберг бизнисвик Адрија

Михаел Блажековиќ, раководител на тимот аналитичари на Блумберг Адрија

Ирена Каревска Стефановска, новинарка на Блумберг Адрија ТВ
Пријавите се бесплатни
Бројот на места е ограничен
Програма
09.30 - 10.00 Регистрација
10.00 - 10.10 Воведен говор
Александра Томиќ, главна уредничка на Блумберг бизнисвик Адрија
10.10 - 10.20 1-1 Дискусија
Ана Митреска, вицегувернерка на Народната банка на Северна Македонија
10.20 - 10.30 Макроекономски преглед и анализа на Блумберг Адрија
Михаел Блажековиќ, раководител на тимот аналитичари на Блумберг Адрија
10.30 - 11.10 Панел-дискусија: Плати, инфлација, пазар на трудот, продуктивност и ризици: Колку е опасен циклусот?
Никица Мојсоска – Блажевски, главна извршна директорка на „Македонија2025“
Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје
Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија
Зоран Малиновиќ, управител на Wolt Drive
Модератор: Ирена Каревска Стефановска, новинарка на Блумберг Адрија ТВ
11.10 - 11.25 Кафе-пауза
11.25 - 12.05 Панел-дискусија: Фискални мерки и задолжување во геополитички турбуленции: Поинаков поглед на финансиските решенија
Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на НЛБ банка Скопје
Мирослав Марчев, управувачки партнер на PriceWaterhouseCoopers Северна Македонија
Катерина Бошевска, генерална директорка на EOS Matrix
Модератор: Александра Томиќ, главна уредничка на Блумберг бизнисвик Адрија
12.05 - 13.00 Вмрежување