text size
Пролетта во Шпанија ќе личи на вистинско лето оваа недела, бидејќи термометрите се искачуваат над 30 Целзиусови степени, а во некои региони се предвидува дека температурата ќе достигне 40 Целзиусови степени. Масата исклучително топол воздух што се движи кон север од Африка ќе предизвика пораст на температурите на Пиринејскиот Полуостров деновиве и врвот ќе го достигне на 27 и 28 април, соопшти шпанската метеоролошка агенција „Аемет“.