Јавните училишта во Њујорк ја укинаа забраната за алатката за вештачка интелигенција ЧетГПТ, откако првично го забранија софтверот во јануари годинава поради загриженост за безбедноста и точноста.
„Промената на политиката има цел да ги охрабри студентите и едукаторите да научат и да ја истражуваат оваа технологија што ја менува играта“, рече претседателот на округот Менхетн, Марк Левин.
Одделот за образование на Њујорк допрва треба да одговори на барањето за коментар од страна на „Блумберг њуз“ (Bloomberg News).