text size
Проекцијата за приходите за претстојниот трет квартал на компанијата „Нетфликс“ (Netfix) е помала од очекувањата на пазарот, што сугерира дека спречувањето на споделувањето на лозинките и зголемувањето на приходите од реклами сè уште не го даваат очекуваниот раст. Овие резултати ги разочараа инвеститорите, а акциите последователно паднаа дури за 10 отсто, на 430,41 долари, по затворањето на берзите во средата. Цената на акцијата годинава порасна за 62 отсто токму поради оптимизмот за иницијативите поврзани со лозинките и рекламите.