text size
Австриската полиција бара од македонското МВР да провери дали Беран Алији, австрискиот тинејџер со потекло од Македонија кој планираше голем терористички напад во Виена, доаѓал во земјава и дали домашните безбедносни служби имаат сознанија за него. Деветнаесетгодишникот признал дека нападите било планирано да бидат извршени со експлозив и со ладно оружје за време на концертите на американската ѕвезда Тејлор Свифт.