Парламентарни избори во Македонија ќе се одржат на 8 мај годинава, кога македонските граѓани со право на глас освен за новиот состав на македонското собрание, ќе имаат можност да гласаат и во вториот круг за избор на претседател на државата.
Од воведувањето на плурализмот во Македонија, а потоа и по осамостојувањето на државата, се одржани вкупно десет парламентарни избори. Историјата покажува дека како носители на власта во континуитет се менувале Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и Внатрешната македонска револуционерна организација-Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ), но и дека во меѓувреме има појава на нови помали партии и значителни промени кај политичките партии од албанскиот блок.
„Блумберг Адрија“ го изработи овој времеплов како потсетување за сите изминати изборни процеси.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...