Државната изборна комисија (ДИК) денеска и издаде уверение за избрана претседателка на Македонија на Гордана Силјановска-Давкова откако претходно на седница ги објави конечните резултати од претседателски избори одржани на 24 април и 8 мај годинава. Уверението на Силјановска-Давкова и го врачи претседателот на ДИК Александар Даштевски и во име на комисијата посака успешен мандат.
Даштевски на седницата констатираше дека за претседателка на Македонија е избрана Гордана Силјановска-Давкова со мнозинство гласови од избирачите кои гласале. Силјановска-Давкова освои 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски за кого гласале 251.899 лица.
Државната изборна комисија на седницата утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, а гласале 861.218. Вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња е 953.121, на важечки ливчиња 812.899, на неважечки ливчиња 48.289, а процентот на избирачи кои гласале е 47,47.
Прочитај повеќе
Гордана Силјановска-Давкова е првата жена претседател на Македонија
Ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, рече Силјановска-Давкова.
08.05.2024
Гордана Силјановска-Давкова има голема предност на претседателските избори
За претседател во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот што ќе добие мнозинство од гласовите.
08.05.2024
ДИК: Фер и демократски избори во Македонија со солиден одзив
Најголем одзив на претседателските избори има во Новаци (72,76 проценти), а најмал одзив во Липково (7,35 проценти).
08.05.2024
Исполнет цензусот за претседателските избори
Најголем одзив за претседателските избори има во Новаци (66,47 проценти), а најмал одзив во Липково (6,48 проценти).
08.05.2024
За постапката за сумирање на резултатите за претседателските избори до ДИК немаше приговори, додека за парламентарните кои се одржаа исто така на 8 мај се доставени девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Даштевски посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.
По објавувањето на конечноста на изборните резулатати за претседателските избори, ДИК треба да достави извештај до Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка која според најавите ќе одржи утре напладне. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. Мандатот на актулениот претседател и нејзин против кандидат истекува утре.
Универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.