Поранешната министерка за одбрана на земјава Радмила Шекеринска ќе стане заменик-генерален секретар на НАТО. Веста за одлуката на генералниот секретар Марк Руте да ја назначи Шекеринска на оваа функција е официјално објавена на сајтот на воената алијанса.
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога“, се наведува во изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.