text size
Сите земји од регионот Адрија, освен Македонија, забележаа раст на индустриското производство, иако со побавно темпо. Податоците покажуваат дека земјите во регионот произведуваат повеќе отколку во претпандемиската 2019 година, а Македонија, како единствен исклучок, објави за 8,5 проценти помало производство во однос на таа година.