НАСА можеби нема да има подготвени нови вселенски униформи за Месечината до моментот кога агенцијата планира повторно да испрати луѓе таму во 2028 година, се наведува во нова ревизија на американската влада.
Канцеларијата на генералниот инспектор на агенцијата предупреди во извештај објавен во понеделникот дека униформите што ги развива компанијата „Аксиом спејс“ (Axiom Space Inc.) со седиште во Хјустон можеби нема да бидат подготвени пред 2031 година, доколку компанијата се соочи со доцнења типични за досегашниот развој на вселенски униформи.
Во извештајот се наведува дека, врз основа на искуствата од минатото, развојот на вселенски униформи може да трае речиси девет години — од потпишување на договорот до моментот кога се подготвени за демонстрации во вселената.
Прочитај повеќе
Екипажот на „Артемис 2“ се враќа кон Земјата со неколку соборени рекорди
„На сите вас долу на Земјата и околу неа ви испраќаме љубов од Месечината“, порача астронаутот Виктор Гловер непосредно пред прекинот на комуникацијата.
07.04.2026
„Артемис II“ создаде историја – човечки екипаж отиде најдалеку во вселената досега
Екипажот на „НАСА“ (NASA) од четири астронаути веќе отпатува подалеку во вселената од кој било друг човек во историјата.
07.04.2026
Тоалетот најголема главоболка на мисијата на НАСА на Месечината
Правилното функционирање на комплицираниот дел од опремата за време на летот стана постојан проблем.
06.04.2026
Астронаутите се вратија на Земјата по медицински проблем на МВС
Астронаутите се одвоија од станицата вчера околу 17:20 часот по њујоршко време во капсулата „Спејс екс драгон“ и се спуштија покрај брегот на Калифорнија околу 3:41 часот утрово.
15.01.2026
НАСА веројатно порано ќе заврши вселенска мисија поради итна медицинска состојба
НАСА размислува за рано завршување на мисијата на Меѓународната вселенска станица откако еден астронаут доживеа медицинска итна состојба.
08.01.2026
НАСА во 2022 година ѝ додели на компанијата „Аксиом спејс“ договор за развој на вселенски униформи за програмата „Артемис“, чија цел е враќање на луѓето на Месечината. Следната година „Аксиом спејс“ најави партнерство со италијанската модна куќа „Прада“ (Prada SpA) со цел производство на тие униформи.
„Аксиом спејс“ не одговори веднаш на барањето за коментар.