text size
Грејната сезона во Белград нема да заочне утре, на 15 октомври, како што пропишува законот, а градските власти како образложение го наведоа топлото време и заштедата во период на лоша енергетска ситуација во земјата и светот. Тврдат дека одложувањето на стартот на грејната сезона ќе заштеди неколку милиони евра.