text size
Речиси една третина од испитаниците од државава опфатени со истражувањето „Нови дигитални навики“ на „Виза“ трошат од 600 до 900 денари месечно (26,5 отсто) за да вршат работи преку апликации или виртуелни платформи. Секој втор испитаник (56 отсто) користи онлајн услуги неколкупати на ден и речиси секој (99 отсто) тоа го прави преку паметен телефон.