text size
За десет години надвор од Македонија се родиле над 48.600 македонски деца. Или толку колку што има вкупно жители во Струмица и Гевгелија заедно, според пописот од 2021 година. За шест месеци од минатата учебна година, во Прилеп, поради иселување, од училиште биле испишани 300 деца. Но, за време на самитот во Блед, некои од иселените во Словенија го сретнале премиерот Ковачевски и му рекле побрзо да ја внесе земјава во Европската Унија и тие ќе се врателе. Да, ќе се вратат исто колку што јас ќе се вратам во Прилеп. И не дека јас не сакам, децата не сакаат.