text size
ДХЛ (DHL), „Сасол“ (Sasol) и ХХ2Е АГ (HH2E AG) се согласија да соработуваат за производство на одржливи воздухопловни горива базирани на водород во Германија за да помогнат во намалувањето на емисиите на јаглерод, а „Ербас СЕ“ (Airbus SE) има намера да се приклучи на проектот подоцна.
„Ербас“, кој исто така е потенцијален клиент, рече дека има цел да го зголеми уделот на чисти горива што се користат за внатрешни оперативни цели на десет отсто оваа година и на 30 отсто до 2030 година.