Какви се најновите трендови во производството на сточна храна во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате в понеделник, во новата регионална анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“. Истовремено истражуваме каква е состојбата со сточарството во Македонија, колкаво е домашното производство на месо и месни производи, но и какви болести му се закануваат на овој сектор.
Анализираме како се движат цените на какаото и на шеќерот на светските берзи и какви се влијанијата врз кондиторската индустрија.
По формирањето на таканаречената техничка влада во Македонија, истражуваме колку поранешни функционери го искористиле правото на апанажа и дали некој од нив и натаму користи службени возила.
По најавите дека нафтоводот кон Грција е подготвен за употреба, прашуваме кога се планира да почне транспортот на нафта и што ќе значи тоа за нафтениот пазар во земјава. Истовремено прашуваме какви се плановите на „Номагас“ за годинава и до каде е постапката за планираното градење на интерконекторот кон Грција.
На крајот на неделата ви ја претставуваме работата на македонскиот стартап „Моделикс“, кој се занимава со производство на софтвер.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...