text size
Кои се тајните на издржливоста на семејните бизниси во регионот? Ова е главната тема во најновиот број на нашиот магазин „Блумберг бизнисвик Адрија“, кој излезе неделава. Низ разговори со повеќе сопственици на компании во регионот откривме дека тие најчесто се управувани од нивните основачи. Прашавме зошто постарите се плашат од пензија и колку брзо и лесно можат да им го пренесат управувањето на помладите.