Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала ревизијата на финансиските извештаи и на усогласеноста на Комисија за хартии од вредност, што ја направил Државниот завод за ревизија (ДЗР).
ДРЗ контатирал дека било извршено бришење од сметководствената евиденција на расходуваните движни предмети по попис, без одлука на Владата и без спроведување на постапка за нивно отстранување, како и оти исплата на плата на дел од вработените се врши за не полно работно време и применета е пониска стапка при пресметка на надоместокот при спреченост за работа (боледување).
Во извештајот се констатира дека се направени расходи без поткрепувачка документација и набавки на стоки и услуги без спроведување постапка за јавна набавка над законски утврдената вредност.
Нотирана е и потреба од уредување со закон на платите и надоместоците на избраните и именувани лица од Собранието, претседателот и членовите на комисијата, потреба од уредување со закон или со колективен договор на платата на вработените во комисијата, како и преземање активности за изменување и дополнување на регулативата - подзаконски акти, со кои ќе се обезбеди доследно почитување на сметководственото начело на „модифицирано настанување на деловните промени, односно трансакции“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...