Битола блесна како Холивуд: Широк Сокак се украси со нови ѕвезди, во чест на светската кинематографија и Браќа Манаки!
Во срцето на Битола, главната шетачка улица – Широк Сокак – засвети уште посјајно! Компанијата „Божиновски часовници и накит“ во соработка со Фестивалот „Браќа Манаки“ го прославува богатото наследство на светската кинематографија со проект за поставување ѕвезди кои ќе ги обележат имињата на сите досегашни добитници на престижната награда „Златна камера 300“.
25.09.2024