text size
Најголемиот дел од регионот Адрија во четвртиот квартал од 2022 година почна да ја чувствува болката од неизбежното рецесиско опкружување што се одрази и на податоците за реалната трговија на мало, кои се движеа соодветно. Миксот од забавувањето на економската активност, падот на реалните нивоа на платите, зголемувањето на каматните стапки и постојаното зголемување на цените, значително ги намали годишните стапки на раст во малопродажбата во Србија, Словенија и Хрватска, дополнително го продлабочи падот во Македонија, додека во Босна и Херцеговина тој сè уште е во нагорна насока, укажуваат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата анализа на трговијата на мало во регионот, во која даваат осврт на трендовите во 2022 година и прогнози за 2023 година.