text size
Силвио Кутиќ е коосновач и извршен директор на „Инфобип“ (Infobip), хрватски ИТ-еднорог што во 2022 година направи уште неколку големи чекори на деловната сцена. Во април тие го отворија кампусот „Алфа сентори“ (Alpha Centauri) во Загреб, вреден 150 милиони куни, а во јули спроведоа аквизиција на дигиталниот магазин за бизнис и технологија „Нетокрација“ и американската компанија „Пирлес нетворк“ (Peerless Network), која обезбедува услуги на гласовна комуникација преку интернет (voice over IP).