Претприемачот Александар Чабрило е основач и сопственик на „ХТЕЦ груп“ (HTEC Group), консултантска компанија специјализирана за развој на дигитални производи.
Во септември 2022 година, ХТЕЦ ја објави аквизицијата на „Мистрал технолоџис“ (Mistral Technologies), една од најголемите технолошки компании од Босна и Херцеговина. Со приклучувањето кон „Мистрал“, компанија со значително портфолио на клиенти, ХТЕЦ со речиси 600 вработени сега е најголемата технолошка компанија во Босна и Херцеговина и меѓу главните кандидати за првиот српски еднорог.
Минатата година, почната со 1.200 вработени, обезбедија инвестиција од 140 милиони долари од американската инвестициска групација „Брајтон парк капитал“ (Brighton Park Capital), како и кредит од 55 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), што е најголема инвестиција на оваа банка во ИТ-секторот на Западен Балкан досега.
Тие инвестиции ќе им овозможат да продолжат да ги прошируваат своите капацитети за производствен дизајн и инженеринг, но и да инвестираат во органски раст, како и вработувања и развој на најдобрите специјалисти во Југоисточна Европа.
Брзиот развој на ХТЕЦ во последниве години кулминира со аквизиција на едно од најдобрите студија за дизајн на производи во светот, американската компанија „Моментум“ (Momentum), на крајот на 2021 година.
Чабрило е родум од Мостар. Тој го основа ХТЕЦ во 2008 година како стартап во инкубаторот на техничките факултети на Универзитетот во Белград. Во меѓувреме прерасна во глобална компанија за инженеринг и развој на дигитални производи со седиште во Сан Франциско и со растечка мрежа на развојни центри низ Југоисточна Европа, со повеќе од 2.200 вработени.