text size
Телескопот „Џејмс Веб“ е најмоќниот вселенски телескоп, а вреди десет милијарди долари. Развојот на телескопот траеше 20 години, а меѓу научните соработници беше и словенечката астрофизичарка, професорка и докторка Маруша Брадач. Таа учествуваше во проектот како членка на истражувачкиот тим што разви еден од четирите најважни научни инструменти на телескопот - камерата NIRISS. Телескопот беше лансиран во вселената на крајот на 2021 година.