Претседател на управниот одбор на „М+ групa“, која ја издаде првата зелена обврзница
Дарко Хорват е лидер на „М+ групa“, која во 2022 година ја издаде првата хрватска одржлива обврзница во вредност од 300 милиони куни. Со неа компанијата се обврза да ги намали емисиите на јаглерод за 25 отсто и да ја зголеми застапеноста на жените во менаџерските тимови на 51 отсто. Доколку не се исполнат поставените цели за одржливост, на инвеститорите ќе им бидат исплатени дополнителни 0,75 процентни поени покрај каматната стапка од 4,25 проценти.
„Луѓето отсекогаш биле во фокусот на нашиот бизнис - нашите вработени, клиентите и нивните корисници. Тоа е причината зошто критериумите за ЕСГ се од клучно значење за успехот. Социјалниот аспект, кој вклучува родова и секаква друга еднаквост, е исклучително важен за нас како мултикултурна група и глобален играч што од 14 земји работи на 58 пазари и обезбедува услуги на 32 јазици.Покрај социјалниот аспект, неизбежно е поврзано и влијанието врз животната средина, бидејќи нашиот растечки број на вработени влијае на средината. Водејќи сметка за заканата од климатските промени, посветено ќе работиме на остварување на поставените цели за оваа обврска“, рече во таа пригода Хорват.
Одржливите обврзници или ЕСГ-обврзниците (Environmental, Social and Governance) се иновација на светските пазари на капитал, каде што сѐ повеќе инвеститори, покрај профитот, бараат и позитивни деловни ефекти врз заедницата во која работат компаниите.
Инаку, „М+ групa“ во изминатата година планираше приходи од над 1 милијарда куни, а во последните пет години реализира 15 аквизиции.