Кога војната ги спречи плановите за преземање на банката
Јелена Галиќ е извршна директорка на комерцијалната АИК банка, со седиште во Белград, која е членка на МК групацијата. Минатата година, во почетокот на војната во Украина, АИК банка го заврши преземањето на српската филијала на Сбербанк и ја преименува во Наша АИК банка. Но пред тоа имаше поголеми планови.
АИК банка имаше намера да го купи целиот регионален бизнис на Сбербанк, па во ноември 2021 година во зделка вредна половина милијарда евра дури постигна договор за преземање на бизнисот на Сбербанк во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија и Србија. Меѓутоа, војната меѓу Украина и Русија и санкциите на ЕУ го спречија спроведувањето на целиот договор.
АИК банка претходно влезе на пазарот на Европската Унија со купување на 100 отсто од словенечката Горењска банка, а со дополнителното преземање на српскиот пазар си постави цел да влезе во првите три банкарски институции во Србија. На тој пат, според наводите на самата Јелена Галиќ, не е исклучено уште некое преземање во следната или следните години.
Амбицијата на АИК банка е да го прошири своето влијание, како и да прерасне во регионална групација. Слични планови има и словенечката НЛБ, која сака да стане „балканска банка“, како што ја нарекува нејзиниот извршен директор Блаж Бродњак, за што ќе стане збор понатаму.