Активирање на претприемачите од аналогниот систем во дигиталниот.
Синиша Мали по третпат стана министер за финансии во новата српска влада, формирана на крајот на 2022 година, функција што ја врши од 2018 година. Една од најважните реформи што оваа година ги спроведе српското министерство за финансии е процесот на е-фискализација, односно дигитализација на стариот систем за фискализација, што подразбира целосно искоренување на класичната фискална каса и воведување нови софтверски и електронски решенија. Процесот не помина без отпор, но, според податоците на министерството, на крајот на годината во системот на електронски фактури имало над 20 илјади корисници на јавни средства, меѓу кои и повеќе претприемачи.
Во предизвикувачкиот амбиент по почетокот на војната во Украина и енергетската криза како резултат на тоа, Мали на чело на министерството беше соочен со различни предизвици во текот на годината, а еден од најголемите секако беше финансирањето на зголемениот увоз на струја поради недоволното производство на Електростопанството на Србија (ЕПС), по несреќата во ноември 2021 година. Се проценува дека минатата година за овие цели биле потрошени дополнителни 1,7 милијарда евра, поради што, меѓу другото, владата била принудена да побара нов аранжман со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), како и дополнително да се задолжува од други извори. Српските јавни финансии ја завршија годината со јавен долг од 54 отсто од БДП, бавен економски раст и инфлација од 15,1 отсто. Најголеми предизвици во 2023 година за министерот за финансии секако остануваат високата инфлација и економскиот раст.