Политичка активистка со титула Словенка на годината.
Ника Ковач е политичка активистка, антрополог, коосновачка и директорка на институтот „8 Март“. Таа беше единствената словенечка стипендистка на фондацијата „Барак Обама“. Таа координираше неколку референдумски кампањи: кампањата за изедначување на правата на истополовите лица во 2015 година, кампањата против Законот за вода во 2021 година, како и минатогодишната кампања за Законот за радио и телевизија на Словенија.
Ковач беше една од лидерите на граѓанските организации што активно се спротивставија на политиките на владата на Јанез Јанша и една од повлијателните политички активисти што придонесоа за победата на леволибералната коалиција на парламентарните избори во април 2022 година. Минатиот февруари во изборот на магазинот „Јана“ е избрана за Словенка на 2021-та. Ковач веројатно и понатаму ќе биде една од централните личности во поттикнувањето на младите да се занимаваат со политика.