Политика

Јавните училишта во Њујорк ја отфрлија забраната за ЧетГПТ

Извор: Brandon Sapienza/Bloomberg

18 мај 2023, 20:44

Bloomberg Mercury

Јавните училишта во Њујорк ја укинаа забраната за алатката за вештачка интелигенција ЧетГПТ, откако првично го забранија софтверот во јануари годинава поради загриженост за безбедноста и точноста.

„Промената на политиката има цел да ги охрабри студентите и едукаторите да научат и да ја истражуваат оваа технологија што ја менува играта“, рече претседателот на округот Менхетн, Марк Левин.

Одделот за образование на Њујорк допрва треба да одговори на барањето за коментар од страна на „Блумберг њуз“ (Bloomberg News).