text size
Пожарот кој денес избувна во магацин за бои и лакови претставува ризик за здравјето на населението. Утринава околу 10:30 часот пожарникарите од Тетово започнале со гаснење на пожарот во магацинскиот и продажниот простор на компанијата „Еуроком“ во тетовското село Филише, при што на помош се приклучиле колеги од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово.