Општо

„Визер“ привремено укинува две авиолинии oд Скопје

Извор: МИА

27 декември 2023, 15:22

Прекинот почнува од средината на јануари

Тој е предизвикан од глобалниот проблем со моторите произведени од „Прат и Витни“

Ќе се намали и бројот на неделните летови од Охрид до Виена

„Визер“ привремено укинува две авиолинии oд Скопје

Bloomberg

Авиокомпанијата „Визер“ (Wizz Air) од средината на јануари привремено ќе ги укине летовите Скопјe - Луксембург и Скопје - Болоња, како дел од намалувањето на капацитетот на својата мрежа поради глобалниот проблем со моторите произведени од „Прат и Витни“ (Pratt & Whitney), објави специјализираниот веб-сајт „Екс-jу авијација“.

Се намалува и бројот на неделните летови од Охрид до Виена, од првично планираните четири на три лета. 

Покрај двете авиолинии од Скопје, ќе биде укинат и летот Ниш - Дортмунд. Укинувањето на линиите ќе влијае на фреквенцијата на летови на аеродромите во Скопје, Белград, Ниш, Охрид и во Приштина.

Прекинот и редуцираната фреквенција на летовите на „Визер“ ќе траат до средината на март, кога се очекува повторно активирање на авиолиниите.

Компанијата „Парт и Витни“ во меѓувреме врши контрола на квалитетот на моторите инсталирани во стотици авиони низ светот, кои треба да бидат отстранети или испитани.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Во април годинава Владата потпиша договор  со унгарски „Визер“ за субвенционирање авиолинии од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана, како и со германска „Луфтханза“ (Lufthansa) за авиолинијата Скопје - Франкфурт.

Сите новости од рубриката Политика

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот
Општо

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот

По состанокот во Саудиска Арабија, каде што високи американски и руски претставници остварија прв круг преговори за крај на војната во Украина, Русија и САД најавија можност за поширока соработка.

19.02.2025

Политика

сите новости од рубриката Политика