Русија соопшти дека авион на Министерството за одбрана со 65 украински воени затвореници, како и девет члена на екипажот и стражари, се урнал во регионот Белгород, во близината на границата со Украина.
Авионот „ИЛ-76“ се урнал додека ги превезувал затворениците на размена со Украина, соопшти во средата Министерството за одбрана во Москва, а пренесе државната новинска агенција „Тасс“. Засега нема индикации што ја предизвикало несреќата.
Истражен тим е испратен на местото на несреќата што се случила околу 11 часот по московско време, јави „Тасс“, цитирајќи го министерството.
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, одби да веднаш да коментира, објави новинската агенција „Интерфакс“.